ОСНОВНИ ОДРЕДБИ
Основното училиште „Св.Климент Охридски“- Битола е училиште кое е препознатливо со својата работа во средината во која се наоѓа.
Основна цел на училиштето е воспитување, образование како и грижа на учениците кои се на училишна возраст. Работејќи според сите стандарди кои ги налага модерното време и современиот начин на живот ова училиште им нуди на сите ученици настава која е поткрепена со најсовремените методи на работа.
На тој начин сите ученици добиваат еднаков третман од наставниците и имаат еднакви можности за да го развијат својот потенцијал и да ја искажат својата креативност. Основни цели и карактеристики на универзалната етика на ова основно училиште се: достојно извршување на функциите на сите вработени во училиштето; унапредување на наставната дејност, ширење на културата која е изградена и втемелена во работата на училиштето; почитување на традициите кои ги има училиштето; соработка со останатите училишта како и со Педагошкиот факултет во Битола; грижа за учениците, давање на помош и развивање на општите хуманистички идеи.
Етичките норми и задачи кои ќе се разгледуваат во текстот кој следи важат за секој вработен, ученик и родител во училиштето „Св. Климент Охридски“- Битола. Овие норми потребно е да се почитуваат. Поради тоа се обврзуваат сите наставници, ученици и родители со својата чест, свесност и одговорност дека ќе ги поддржуваат овие определби и норми како составен дел од својата дејност и кариера.