Според законот за основно образование ООУ „Св. Климент Охридски“ Битола распишува конкурс за избор на првенец на генерација за учениците од деветто одделение. Во прилог се критериумите што треба да ги исполнуваат учениците за да конкурираат. Портфолијата во печатена форма да се достават до 31.5.2023
КРИТЕРИУМИ_ЗА_ИЗБОР_НА_ПРВЕНЕЦ_НА_ГЕНЕРАЦИЈА_2022-23.pdf | |
File Size: | 457 kb |
File Type: |
Конкурс.pdf | |
File Size: | 369 kb |
File Type: |
СООПШТЕНИЕ!!!
За упис во прво одделение за учебната 2023/2024 година!
Потребните информации за упис ги имате во документот за запишување во прво одделение/
Флаер-_првачиња.pdf | |
File Size: | 493 kb |
File Type: |
Соопштение_за_прво_2023.pdf | |
File Size: | 100 kb |
File Type: |
КРИТЕРИУМИ_ЗА_ИЗБОР_НА_ПРВЕНЕЦ_НА_ГЕНЕРАЦИЈА.pdf | |
File Size: | 279 kb |
File Type: |
Линк до Е-Училница организирана од МОН со видеа
Линк до домашна училница организирано од општина Битола
www.bitola.gov.mk/%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8-%d1%83%d1%87%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b0/
www.bitola.gov.mk/%d0%be%d1%81%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%bd%d0%b8-%d1%83%d1%87%d0%b8%d0%bb%d0%b8%d1%88%d1%82%d0%b0/
Линкови до Фејсбук и Електронска пошта на училиштето.
За училиштето
Нашето училиште е едно од најновите и најопремените училишта. Почна со работа во учебната 1989/90 година. Од тогаш па се до сега Климентовото име и гордост не води само напред. Како и сите други училишта и нашето има своја Мисија и своја Визија.
Мисија:
Со квалитетна соработка помеѓу наставниците, родителите и локалната заедница на сите деца во нашето училиште да им се овозможи развој во средина каде ќе се чувствуваат прифатено, сакано, сигурно изадоволно.
Принципи:
- Јас сум вистински ученик; Сe што постои е мој учител!
- Тајната на успехот во животот не е во тоа човек да го работи она што го сака, туку да го сака она што го работи.
- Преку примена на активни современи методи и техники во наставата дооспособување на личности подготвени за предизвиците на иднината.
Визија:
Со препознавање и поддршка на потенцијалите на учениците ги отвораме патот и вратата кон иднината врз темелите на човечките вредности.
ВД Директор:
Гордана Анастасова
Лична карта на училиштето
Основното училиште "Св. Климент Охридски" Битола лоцирано во Брусничко-лавчанскиот регион на Битола за првпат започна со својата работа во нов училишен објект пред 23 години, во учебната 1989/90 година. Истото со својата педагошка функционалност овозможува опфат на повеќе од 1000 ученици. Целта на нашето училиште е да обезбеди сигурна и безбедна средина за учениците, а со својата воспитно-образовна дејност овозможува да се формираат личности кој во иднина ќе бидат подготвени да се соочуваат со предизвиците на животот. За таа цел потребна е кооперативност на сите фактори вклучени во овој процес.
Во оваа учебна година опфатени се 1045 ученик, распоредени во 45 паралелки I до IX одделение. И оваа година организираме дневен престој за учениците од I до V одделение, со три воспитни групи.
Наставата ја изведуваат вкупно 70 наставници.
Административниот кадар го сочинуваат училишниот педагог, психолог и двајца библиотекари. Двајца хаус-мајстори и осум хигиеничари го опслужуваат училиштето како теhнички персонал.
Наставата се изведува на македонски јазик во две смени по принципот пар-непар, освен паралелките од првите одделенија кои работат во сопствени училници со меѓусмена.
Просторни услови
Во училиштето има 12 универзални училници наменети за учениците од I-V одд. со вкупна површина од 600 метри квадратни и една специјализирана спортска сала за учениците од одделенска настава.
Наставата во предметна настава се изведува во 13 кабинети со вкупна површина од 863 метри квадратни, 2 специјализирани училници по ТО со 145 метри квадратни, една фискултурна сала со 640 метри квадратни и една современо опремена просторија-кариерно катче, наменета за професионалниот развој на учениците, особено осмоодделенците.
Во вкупната површина на училиштето опфатени се и ходниците со 945 метри квадратни и 5 канцеларии со 144 метри квадратни.
Подрачното, петгодишно училиште во с.Лавци, работи во релативно нова зграда, со две универзални училници, простран ходник и просторија за наставниците.
Материјално-технички ресурси со кои располага училиштето
- 2 специјализирани училници за прво одделение;
- 10 универзални училници за одделенска настава;
- 11 универзални училници за предметна настава;
- Специјални кабинети за информатика, физика-ТО;
- Библиотека со значителен книжевен фонд која е поделена според возраста, на одделенска и предметна;
- Две простории за дневен престој на учениците;
- Современо опремена медијатека
- Модерна фискултурна сала според високи стандарди со трибини, семафор, туш-кабини и друго;
- Мини спортска сала за одделенска настава;
- Кариерно катче;
- Спортски терени;
- Простор за општа и стоматолошка амбуланта во состав на училиштето;
- Високо стандардизирана трпезарија со кујна;
- Посебен административен дел.
Техничка опременост
- 305 десктоп компјутери,
- 209 Intel Classmate ученички лаптопи
- 16 лаптопи УСАИД
- 27 Intel Classmate таблети
- 4 смарт табли
- 2 телевизори
- 4 печатачи,
- дигитални камери,
- лаптоп компјутери за наставниците
- 30 микробит уреди
- За учениците со посебни потреби има:
- монитор на допир,
- 8 тастатури од кои 5 се со кирилично писмо и 3 со латинично писмо,
- 2 trackball, joystick,
- 2 одвоени кликови,
- 2 едукативни софтвери.
- За учениците со оштетен вид се користат следниве уреди:
- компјутер,
- принтер за рапаво печатење.