ERASMUS226 SCHOOL DIGITAL ACCELERATOR
"Нer world, her rules"
Проектот "Нer world, her rules" во организација на Кошаркарската федерација на Македонија, под покровителство на FIBA, се реализира во спортската сала на нашето училиште. Проектот имаше за цел промоција на спортот-кошарката помеѓу девојките. Во проектот учествуваа девојчиња од трето одделение. По тој повод се потпиша и меморандум за соработка
Проект- „Патека за одење во училишниот хол“
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=688752448633937&id=100024975642231
Еразмус+ Проект КА229 „Игрите во училиштето“ Каде координатор е Франција а партнери се: Македонија, Турција, Полска и Бугарија
https://www.youtube.com/watch?v=Ila9R7c2qBM&ab_channel=VioletaStevanovska
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10218360662711142&id=1329700795
И Европската мрежа за здрави училишта пишува за нас
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10207773832899220&id=1695910368
Проект- „Верикална градина“
https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=760713088104539&id=100024975642231
Europe Code Week
|
Наставничките од III одделение Виолета Стевановска, Елица Митревска, Даниела Петковска, Лилјана С. Алабаковска и директорката Гордана Анастасова ќе се приклучат на Европската недела на кодирањето преку одржување на настан во нашето училиште. Настанот ќе биде во соработка со професори и студенти на Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола.
|
Learning to Overcome Violence Elements
L.O.V.E Основното училиште „Св.Климент Охридски“ од Битола е единствено од Македонија вклучено во Ерасмус+проектот „Учење за надминување на елементи на насилство“ или во оригинал "Learning to Overcaoming Violence Elements"- L.O.V.E. Проектот започна годинава и ќе трае до август 2020. „Во реализација на иститот,покрај нашето училиште учествуваат уште пет земји:Турција како координатор,Грција,Литванија,Полска и Италија. Целта на проектот е да се спречи насилството меѓу учениците и да се создаде среќна училишната средина. Како партнери за реализирање и остварување на поставената цел ќе работиме на тоа 24 месеци“, вели координаторот Снежана Стојанова. Првата мобилност се реализира во периодот од 26 до 30 ноември 2018.год.во Хендек, Турција. На мобилноста присуствуваа координаторот на проектот Снежана Стојанова,директорката на училиштето Гордана Анастасова и наставничката по англиски јазик Љупка Петкова. „Методот на работа за надминување на врсничкото насилство кој ни беше презентиран ќе се применува и во нашето училиште,затоа што со примена на истиот се постигнале видливи резулатати. Стекнатото искуство од посетата ќе биде пренесено како на колегите во училиштето, така и на пошироката јавност во периодот што доаѓа“, велат од ОУ „Климент Охридски“. |
Проекти во училиштето спроведени на еTwinning платформата.
|
ЕКО УЧИЛИШТЕ Св. Климент Охридски - Битола
Ширум светот луѓето денес ги преземаат правата на луѓето на утрешнината, а ние почнуваме да разбираме дека сме среде една пракса со која ги загрозуваме основните човекови права на идните генерации.
Светот незапирливо се движи кон еден од оние трагични моменти кој ќе ги наведе историчарите од иднината да се запрашаат зошто ништо не било сторено навреме. Затоа е важно сѐ повеќе да расте граѓанската свест за важноста секој поединец на различен начин да придонесе во менувањето на односот кон животната средина и кон општеството во целост.

Еколошкото образование е важна компонента на образовниот процес на учениците во основните училишта. Развојот на еколошката свест, на позитивни ставови кон животната средина и на животни навики што влијаат позитивно врз животната средина се предуслов нашите ученици да станат одговорни и активни граѓани на државата во иднина, кои во своите професионални и секојдневни обврски ќе се грижат за зачувување на животната средина.
Училиштето како образовна институција што во голема мера ги обликува вредностие што ќе ги водат учениците низ нивниот живот како возрасни, има голема улога во развојот на еколошката свест и однесување на идните генерации.
Сите активности, настани, кампањи, акции, литературни и ликовни конкурси кои нашето училиште ги спроведе може да се видат на следниот линк.

ПРОЕКТ ЗА МУЛТИЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
Република Македонија изобилува со многу богатства, меѓу кои се различноста на луѓето, културата и јазиците. Но, понекогаш немаме доволно ресурси со кои би постигнале целосно искористување на ова богатството од различности во земјата.
Занемарувањето на придобивките од различноста како и намалувањето на можностите на следните генерации да ги разберат, да ги негуваат и да уживаат во нив, овозможува овие различности да останат без мостови и да раѓаат поделби.
На новите генерации им се потребни мостови преку кои тие ќе допрат до богатството и благодатите на различноста. Ова особено важи за училиштата, кои треба да ги подготват учениците за заедничка иднина во Европа со сета нејзина културна различност.
Проектот за Мултиетничка интеграција во образованието во нашето училиште се реализира со партнер училиштата: ОУ „Панајот Гиновски“ од Бутел, Скопје и ОУ„Санде Штерјоски“ од Кичево. Преку истиот, се овозможува соработка меѓу училиштата. Се негува и развива мултикултурализмот, се надминуваат предрасудите и стереотипите помеѓу различните етнички заедници, се добиваат знаења и разбирања за меѓусебните етнички односи. Придобивките од проектот се: доближување, надминување на различностите и добивање трајни вредности почит, пријателство, соработка и градење соживот во иднина.
ПМИО - повик за аплицирање
Во склоп на ПМИО, нашето училиште се пријави на повикот за аплицирање во рамките на компонентата Обезбедување стимул за училишта и за локални заедници, за 2016 година.Во конкуренција од преку 200 апликанти, беше едно од избраните 13 училишта во Македонија. Предвидениот буџет за реновирање на едно училиште од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, од 1.200.000 денари и учеството на општината/училиштето од минимум 10% од вкупната вредност, беше искористено за реновирање на тоалетите.
ИЗРАБОТКА НА СОЛАРНИ КОЛЕКТОРИ ОД РЕЦИКЛИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ
Учениците и вработените во ОУ „Св Климент Охридски“ го презнтираа соларниот колектор од алуминиумски лименки. Станува збор за идеја што наставниците и учениците ја реализираа со помош на средствата што ги добија од ОХО организацијата во рамки на програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.
ОУ Св Климент Охридски Битола е единственото училиште не само во Битола туку и пошироко што изработи соларен колектор од алуминиумски лименки , со чија помош ќе се овозможи заштеда на енергија во училиштето. Станува збор за стара идеја што наставниците и учениците ја реализираа со помош на грантот што го добија од организацијата ОХО како дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Со грантот вреден 1000 евра изработени се 6 колектори што се ставени во 3 училници. Со овие колектори се обезбедува штедење по 73,5 л литри гориво дневно за затоплување. Освен заштеда на гориво се намалува и мисијата на јаглероддиоксидот со што училиштето придонесува за заштита на животната средина, изјави директорката Андријана Мигуловска.
Групата ученици заедно со своите наставници соларните колектори ги изработија за еден месец, користејќи вкупно 42 лименки.
ОУ „Св Климент Охридски“ е член на националната мрежа на еко училишта и покрај овој проект во наредниот период ќе продолжат да работатат и да реализираат и други проекти поврзани со подобрување на енергетската ефикасност на училиштето, а се во насока на зачувување на здрава и чиста еколошка средина.

БОИТЕ НА ЖИВОТОТ - ЧОВЕЧКА БИБЛИОТЕКА
Проектот „Боите на животот“ е проект кој се насочува кон социјалната инклузија, особено на учениците од ромската популација. За таа цел склучено е партнерство со Центарот за ран детски развој Сумнал од Битола, како и претставништвото на Националниот центар за иновации и претприемачко учење во Битола. Идеата е конципирање на „човечка библиотека“, во која ќе има книги (личности од средината во која гравитираат трите организации), кои со себе носат своја животна приказна. На тој начин ќе се подигне степенот на социјална инклузија на учениците на повисоко ниво, ќе се надминуваат предрасудите, ќе се развиваат вештини за демократско живеење и припадност кон заедницата.
|
Проекти Од отворањето на Училиштето до денес, во него се реализирале повеќе проекти и е остварена соработка со голем број институции и установи од земјата и од странство. Благодарение на ваквата соработка, Училиштето напредува, се подобрува во секој поглед и се повеќе се доближува до европските и до светските трендови во образованието и воспитанието.
Во текот на дваесетитригодишното работење на Училиштето, се реализирани над 30 проекти, од кои во оваа пригода ќе ги споменеме следниве:
Поради неможноста да се осврнеме на сите горенаведени проекти, овде отстапуваме простор само за некои од нив.
Во текот на дваесетитригодишното работење на Училиштето, се реализирани над 30 проекти, од кои во оваа пригода ќе ги споменеме следниве:
- Здравствени работилници (1994);
- Европска мрежа на училишта што го унапредуваат здравјето (1995);
- Чекор по чекор (1995);
- Диференцирана настава по физика (1995);
- Активна настава (1996);
- Основна демократија - Ние, народот...Проект-граѓанин (2001);
- Junior achivment / Достигнувања на младите (2001);
- Креативна настава и учење (2002);
- Описно оценување во одделенска настава (2004);
- Култура на живеење - Животни вештини (2004);
- Пазар на можности (2004);
- Имам право (2005);
- Училишни мрежи - заедници за мултикултурен развој (2005);
- Е - школо (2006);
- Модернизација на образованието (2006);
- Проект на основно образование (ПЕП) - УСАИД (2007).
Поради неможноста да се осврнеме на сите горенаведени проекти, овде отстапуваме простор само за некои од нив.