Посветена на 30 – годишнината од постоењето на ОУ „Св. Климент Охридски“. На сите оние кои ја започнаа училишната приказна создавајќи го воведот и оставајќи траги за паметење. На сите оние кои го започнаа и сè уште го пишуваат главниот дел на оваа училишна приказна. На сите оние кои ќе пишуваат нови продолженија во кои сите ќе имаат главна улога, создавајќи приказна која нема да има крај, туку само нови и нови продолженија.