СОВЕТ НА РОДИТЕЛИ
Родителите се еден интегрален дел на училиштето, тие помагаат во целокупната работа на училиштето како и во релизацијата на годишната програма. Тие се вклучени во процесот на позитивните промени кои се случуваат во нашето училиште .
Десетина години во училиштето како орган постои Советот на родители. Него го сочинуваат родители на ученици од секоја паралелка. Советот работи по Правилник изготвен од страна на членовите.
Првото свикување на советот на родители го врши директорот на училиштето. Надлежностите на советот на родители на основното училиште се утврдени со Законот за основно образование. Мандатот на член во советот на родители е во траење од три учебни години. Членството во советот на родители престанува со престанок на статусот на ученик на неговото дете, како и по барање на родителот.
Советот на родители именува претседател и негов заменик на својата прва седница, а изборот се врши со јавно гласање.Советот на родители заседава на седници кои ги свикува и со нив раководи претседателот на советот. На седницата на советот без право на одлучување присуствува директорот на училиштето. На барање на советот учество на седниците може да имаат и наставниците, стручните соработници, воспитувачи и други вработени во училиштето.

Список на претседатели и заменици на совет на родители на ОУ Св.Климент Охридски – Битола