Шведската компанија IKEA е позната по многу работи – од проектите за подигнување на свеста за сириските бегалци до заложбите за животната средина преку употреба на амбалажа направена од печурки која се разградува за само неколку недели.Сега IKEA ги објави плановите за The Growroom, односно голема сферична градина на повеќе нивоа која произведува доволно храна за цело маало. Плановите беа објавени пред неколку дена со надеж дека властите ќе инвестираат време и пари за да се направи по една ваква во секое соседство или во сечиј двор.
Потребниот материјал за да се направи сферичната градина се: дрво, гумени чекани, метални шрафови и способност да се следи упатството составено од 17 чекори. За разлика од повеќето призводи на IKEA, The Growroom не доаѓа со сите потребни материјали. Плановите за сечење на дрвото треба да се симнат од Интернет и сами да го исечат. Беслатните инструкции онлајн му ги покажуваат сите чекори на корисникот.
Досега има интерес за изградба на вакви сферични градини во Тајпеј, Рио де Жанеиро, Сан Франциско и во Хелсинки.
Локално одгледаната храна е одлична алтернатива за глобалниот модел за исхрана во светот. Се намалува потребата за транспорт на храната, помало е штетното влијание врз околината и децата се едуцираат за тоа од каде доаѓа храната на трпеза. Предизвикот е тоа дека нема доволн простор и има неодовлни ресурси во урбаните средини. The Growroom е дизајнирана да го зголеми здравјето на луѓето во градовите преку креирање мали оази на пауза од забрзаниот живот и поврзување со природата.
Извор: inovativnost.mk